ЛОТИТО ДЕМАНТИРА – НЕ ГО ДАВАМ ЛАЦИО НА РЕД БУЛ
Објавено на: 28.06.2022
Претседателот на римскиот клуб, Клаудио Лотито демантира дека сака да го продаде Лацио, односно дека Ред Бул пројавила интерес за италијанскиот клуб. Интернетот беше преплавен со информации за зделка која требало да се случи, поради желбата на австриската компанија да се пробие на италијанскиот пазар.
Што? Понуда од Ред Бул за Лацио? Тоа е обично ѓу*ре. Апсолутна бесмислица, оставете ја настрана.
Дали со овие зборови Лотито демантира, или сака да ја зголеми цената на својот клуб? Во исто време, навивачите на Лацио се крајно исфрустрирани со наближувањето на новиот преоден рок, загрижени дека засилувањата нема да пристигнат во небесносиниот дел на Вечниот град.

Освен што најверојатно Ромањоли ќе избега во Премиерлигата поради неажурноста на Лацио, а договор не е постигнат ниту со Марко Карнесеки, тренерот Маурицио Сари е во силен конфликт со спортскиот директор Иљи Таре, поради бавното решавање на трансфер-состојбите.