ЛУИС ХАМИЛТОН ДОБИЛ СИЛНА ПРЕПОРАКА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА
Објавено на: 24.06.2022
Британскиот возач кој го изедначи рекордот на Михаел Шумахер со 7 титули во Формула 1 шампионатот, добил препорака од Сер Џеки Стјуарт да се пензионира. Поранешниот голем Ф1 возач, го советува помладиот колега да го стори тоа додека му е време, со цел да замине како големо име.

Луис Хамилтон нема победа на последните 10 трки, на табелата е 98 бода зад лидерот, никако не може да ја пронајде формата што ја имаше пред само две сезони или минатата кога се бореше за титулата до последниот свиок. Има 37 години, на шестата позиција е во возачкиот поредок по 9 трки.

Ова може да биде најлошиот пласман на Луис Хамилтон во неговата 16-годишна кариера. Дали советите на повозрасниот (83) Џеки Стјуарт се добронамерни? Дали еден голем спортист треба да се повлече кога не му оди со цел да остане запаметен како шампион? Дали би го послушале вие овој совет?