ГВАРДИОЛА ЈА ПОКАЖА СИЛУЕТАТА НА ПЛАЖА (ФОТО)
Објавено на: 24.06.2022
По освојувањето на својата четврта Премиер лига, време беше и Гвардиола да одмори.

Тренерот на Манчестер Сити е фатен од папараци на блажите на Барбадос, со својата сопруга Кристина Сера и неговите деца. Карибите од фотографиите може да се забележат дека му годат на 51 годишниот Шпанец, а еден очевидец откри мал дел од активностите на Гвардиола на плажа.
Секој ден пешачи на плажата и редовно ја проверува состојбата на водата, дали е ладна или топка со нозете. Кога ќе влезе во вода, не оди многу во длабокото туку сака да се разлади во плиткото.
Веројатно уште некој ден ќе трае летниот одмор на Гвардиола, кој за 10тина дена ги започнува подготовките за новата сезона, во која граѓаните со Халанд на 7 Август ја започнуваат одбраната на титулата.
