Фудбал

КРИСТИЈАНО И МЕСИ НЕ МУ СЕ НИ ДО КОЛЕНА, ГО ЗНААТ ТОА И РОНАЛДО, РОНАЛДИЊО, КАКА, КАРЛОС, КАФУ…

Нема многу играчи кои си поигрувале со бразилската национална селекција, ако го исклучиме дебаклот што Кариоките го доживеаја на домашен терен и поразот од 1:7 во полуфиналето на СП 2014-та година од Германците, кои подоцна ја совладаа Аргентина во финалето.

Претходница на тоа понижување, беше индивидуалната партија на Зинедин Зидан на СП 2006-та, во 1/4 финалето на СП во Германија, кога подоцна Франција ќе загуби од Италија на пенали во финалето. Но, останува запаметена партијата на победникот Зизу, кој им го испи мозокот на волшебниците.

Зинедин Зидан денеска полни 50 години. Освои се живо на клупска и репрезентативна сцена, како тренер го покори светот на фудбалот со Реал Мадрид, му останува уште селекторската улога и неговиот фудбалски живот да стане библиски. Среќен роденден, мајсторе!