Кошарка

ЏОРДАН ПУЛ ПОГОДИ ОД СРЕД ТЕРЕН КАКО ДА Е НАЈЛЕСНАТА РАБОТА НА СВЕТОТ

Не беше најдобриот стрелец на натпреварот, но го има најмаркантниот потег на средбата. Џордан Пул погоди од средината на теренот во вториот меч против Бостон и ги уништи сите надежи на противникот, во натпревар кој беше еднонасочна улица:

Голден Стејт Вориорс беа решени да им се реваншираат на Селтикс за поразот во првиот дуел од финалето и го сторија тоа, со убедлив перформанс што заврши 107:88. Пул имаше 17 поени, зад Кари кој реализира 29. Тејтум кај гостите беше најпрецизен со 28 поени.

Финалната серија сега се сели на теренот на една од двете најтрофејни франшизи, која гледа само кон 18-тиот банер во историјата. Селтикс сакаат да се одлепат од Лејкерс на вечната листа и да докажат дека не се случајно во големото финале на НБА лигата.