Фудбал

РАДОСТА НА ВЕЛС ЗА ПЛАСМАНОТ ВО КАТАР, МОЖЕ ЛИ ДА ЈА ПОМИНЕ И ГРУПАТА?

Селекцијата на Велс се пласира на светското првенство што ќе се одржи во Катар на крајот на годината, по победата со 1:0 против Украина. Велшаните немаат видено мундијал од 1958-та година.

Неизмерна беше радоста на велшките репрезентативци и членовите на стручниот штаб, но и на трибините. Велс е во група со Англија, Иран и САД. Може ли оваа репрезентација да ја помине и групата на СП?

Стрелец на единствениот гол беше Јармоленко кој со глава погоди во сопствената мрежа, а последен играч на Велс кој ја допре топката беше Герет Бејл кој упати центаршут. Ова се случи во 34-та минута.