Кошарка

СТИВ КЕР ГИ ПОТОПИ СЕНАТОРИТЕ ГЛАДНИ ЗА ВЛАСТ

Стив Кер не сакаше да зборува за кошарка, пред натпреварот број 4 од серијата против Далас Маверикс, кои на крајот победија и намалија на 1:3 во Западното финале.

Не сакам да зборувам за кошарка. Уморен сум од ова што ни се случува, уморен сум од минутите молчење. Прашајте се како би се чувствувале вие ако ова беше случај со некој ваш близок. Ни умираат деца, возрасни луѓе, старци, насекаде. Група од 50 сенатори не држат заложници затоа што сакаат да ја задржат власта во свои раце, власта која носи моќ. Дури 90% од Американците сакаат построг закон за проверка при поседувањето на оружје, закон кој две години стои во фиока за некој да остане на власт. Доста ми е веќе!

Ова се парафразираните зборови на Стив Кер. Ви звучи познато?