Фудбал

ИСТРАГА ПРОТИВ МИЛАН ОТКАКО ИГРАЧИТЕ ГИ НАВРЕДУВАА ОНИЕ НА ИНТЕР

Росонерите во текот на вчерашниот тим одржаа парада со Скудетото низ Милано, каде што беа присутни повеќе од 100 000 фанови на Милан, но прославата се чини ќе има и друго продолжение.

Имено, дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Италија отвори истрага против играчите на Милан, кои во текот на прославата ги навредуваа оние на Интер, пеејќи песни против нив и држејќи банери со навредлива содржина.

Тео Ернандез, ги повика фановите заедно со него да пеат „Чалханоглу, к***ин сине“.

Истото го направи и Златан, кој испрати порака до Чалханохлу кој лани си замина од Милан во Интер.

Анте Ребиќ држеше слика од Симоне Инзаги, со зборот „Спијаце“ кој е често употребуван од него, што на акцентот од Пјаченца од каде што е и тренерот на Интер значи „извини“.

Дел од играчите држеа и други банери.

„Купот на Италија може да си го напикате во ******“

Според Газета дело спорт, раководството на Милан се извинило за испадите на своите играчи преку членот од бордот Скарони.

Сепак, нероаѕурите треба да се потсетат и на прославата од 2008, кога Матераци и Киво држеа банер за Амбросини.

Бидејќи тој претходно истото им го направи. 🙂