НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ПИПЕН ГО ПОСТЕРИЗИРА ЈУИНГ
Објавено на: 20.05.2022
На 20-ти мај во 1994-та година, Скоти Пипен „ја закуца“ преку Патрик Јуинг во полуфиналето на Истокот, во кое Њујорк Никс победија против Чикаго Булс со вкупен резултат 4:3 и го детронизираа тогашниот троен шампион во НБА лигата.
Џордан се пензионира, Пипен беше главен во Чикаго, Булс беа совладани по три врзани титули, Њујорк загуби во финалето од Хјустон, Џордан се врати по две сезони и ја продолжи династијата која освои уште три титули. Боже, тоа беше кошарка!