Фудбал

СИЛЕЏИЈАТА МАРТИН КИОН ГО БРАНИ ВИЕИРА ЗА НАПАДОТ

Своевремено, Мартин Кион и Реј Парлоу беа крилата на Тони Адамс, централниот дефанзивец на Арсенал. Ова беше, во секоја смисла, најсилеџиската тројка во англискиот фудбал во последната деценија на минатиот и првите години на почетокот на овој век.

Во „Битката за Олд Трафорд“ во септември 2003-та година, Руд ван Нистелрој промаши пенал во последната минута, Патрик Виеира беше исклучен поради два жолти картони, а Мартин Кион беше главниот „тепач“ во „нападот“ над холандскиот интернационалец.

Истиот тој Кион го оправдува својот некогашен соиграч Патрик Виеира кој со клоци нападна едно младо момче, кое невкусно и безобразно му се обрати на Французинот но не направи никаков физички контакт. Треба ли да одговара за овој потег, Виеира?

Тоа беше самоодбрана. Мене ми беше дозволено да бидам на теренот во 2003-та, а на навивачите не им е дозволено да бидат на теренот. – се зборовите на Мартин Кион, за случајот Патрик Виеира против „недолжното“ и „не толку невиновно“ момче.