ШАМПАЊОТ ФАТАЛЕН ЗА ЕРИТРЕЕЦОТ
Објавено на: 19.05.2022
Биниам Хирмај Хаилу е професионален друмски велосипедист од Еритреја кој моментално вози за UCI WorldTeam Intermarché–Wanty–Gobert Matériaux. На Џиро д’Италија 2022 година, тој стана првиот (црномурест) африкански велосипедист кој победил на една Гранд Тур етапа, откако триумфира на 10-та делница.
По завршувањето на етапата, на официјалната церемонија, отварајќи го победничкиот шампањ, Еритреецот се повреди погодувајќи се во окото и поради тоа мораше да ја напушти турата околу Италија. Од спортски аспект, ова е трагичен сплет на околности за најголемото актуелно изненадување во велосипедизмот.