Фудбал

ЛАПОРТА ПОТВРДИ ДЕКА МБАПЕ ЌЕ БИДЕ РЕКОРДЕР

Мадридските медиуми веќе го преселија Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид, а најголемиот ривал на Кралскиот клуб потврди дека трансферот ќе биде сензација:

Мбапе бараше плата од чисти 50 милиони евра, што за наши услови е неверојатно. Иако тој е одличен фудбалер, со вкалкулираните даноци, тоа е преголема сума. – изјави претседателот на Барселона, Лапорта.

Ако е точно дека Килијан Мбапе ќе заработува толку по сезона, тоа ќе биде повеќе од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои беа најплатени фудбалери на Пиринеите.