ТАЛЕСКИ: КОЈ ЈА ВИДЕ, НЕКА ЈА ПРЕСМЕТА БРЗИНАТА
Објавено на: 17.05.2022
Филип Талески одамна е новиот бисер на македонскиот ракомет, кој почнува да сјае со пол сјај. Последниот момент кој ќе остане запаметен, е голот во Куп финалето против Пелистер, за победата на Вардар.
Сакаше ли баш таму да шутираш?
Сакав да шутнам во тој агол на голот, бев подготвен за таков шут и бев сигурен дека ќе влезе топката.
Знаеш ли со која брзина патуваше топката?
Не можам да кажам колку беше брз шутот, но знам дека ја искористив целата сила што ја имав во тој момент. За такви моменти живееме ние спортистите, ова е гол што ќе го паметам уште долго, долго…
Имаше сила во тој шут, но има ли сила овој Вардар?
Нормално дека има, треба многу да се работи и да се вложуваме многу во таа работа ние ракометарите, затоа што овој Вардар има многу потенцијал.