АЛЕГРИ НЕМА ДА ДОЖИВЕЕ ИСТА СУДБИНА КАКО ПИРЛО И САРИ
Објавено на: 12.05.2022
Масимилиано Алегри ќе биде запаметен како првиот тренер по Луиџи Дел Нери кој останал без ниту еден трофеј во една сезона за Јувентус.
Сепак и ваквиот негативен биланс нема да биде доволна причина раководството на Јувентус да го замени Алегри од клупата за наредната сезона. Италијанецот ќе ја заврши сезоната како четврти во Италија, со елиминација во 1/8 финалето во Лигата на шампионите од Виљареал и загубено Куп финале и Суперкуп на Италија.
За разлика од него, Маурицио Сари го одбрани Скудетото во Италија, загуби на пенали од Наполи во Купот на Италија, но беше елиминиран во нокаут фазата во Лигата на шампионите од Лион.
Каков негов наследник беше донесен Пирло, кој иако не успеа да ја освои рекордната 10 титула во Италија, успеа да го освои Купот на Италија, а во Лигата на шампионите беше срамно елиминиран од Порто. Сепак, успеа да слави во Суперкупот со победа од 2:0 против Наполи.
Дали Алегри добива пофер третман од фамилијата Ањели?