Фудбал
ЌЕ ГО ИЗДРЖАТ ЛИ ПЕКОЛНОТО НАДЧОВЕЧКО ТЕМПО?
Објавено на: 11.05.2022
Со новиот формат на Лигата на шампионите, кој неодамна го објави УЕФА, еден англиски клуб би одиграл потенцијални 71 меч во текот на една сезона во сите натпреварувања.
Оваа сезона, затоа што се квалификува во сите можни финалиња каде што настапуваше, екипата на Ливерпул ќе одигра вкупно 63 натпревари. Може ли да се живее во ваков ритам?