Фудбал

НЕВИДЕНИОТ ФИНАНСИСКИ МАНЕВАР НА БАРСЕЛОНА

Барселона го купи Филипе Кутињо од Ливерпул во 2018-та за неверојатни и тогаш чудни 188 милиони американски долари. Потоа го позајми во Баерн, а тој во 2020-та им даде два гола во понижувачкиот пораз во полуфиналето на ЛШ, со 2:8 и ја освои Лигата на шампионите.

На крајот, големата Барселона го продава бразилскиот фудбалер во Астон Вила со загуба од неверојатни 167 милиони американски долари. Не дека другиве клубови низ светот немаат финансиски бисери (читај Манчестер Јунајтед со Пол Погба), ама овој ни застана во око…