ФИФА И ЕА СЕ СКАРАА ЗА 300 МИЛИОНИ ФУНТИ, ГОДИШНО
Објавено на: 10.05.2022
Електорникс Артс Инц., или популарно ЕА, е компанија која се занимава со продукција на видео игри(ци) за масовна употреба, а нивниот најбаран и најдобар продукт е една од најпопуларните креации во историјата – ЕА Спортс ФИФА.

Но, оваа најпопуларна видео-игра, која влезе во гинисовата книга на рекорди со вкупно 325 милион копии од крајот на 2021-та година, веќе нема да го носи името на ФИФА во своето име, туку отсега ќе се вика ЕА Спортс ФЦ (EA Sports FC).

Зошто? Затоа што ФИФА побарала двојно поголема маржа на користење на името, од актуелните 150 милиони фунти годишно. Од овој спор, најмногу ќе загубат фановите кои ги трошат парите, но тие никогаш и не биле толку битни, нели?