Мотоспорт

БАДИЈАЛА ПОЛОТ, ДРУГ СЕ ЗАКИТИ СО ЛОВОРИКИТЕ

Контроверзната пол-позиција не му донесе многу среќа на Ферари, ниту пак резултатите собрани во минатите сезони, на Мерцедес.

Двата фаворита потклекнаа, а на крајот на ГН во Монако се радуваше Макс Ферстапен кој стана лидер во генералниот поредок.

Второпласиран беше Карлос Саинц, а трет беше Ландо Норис. Луис Хамилтон беше седмопласиран, Валтери Ботас се откажа.

Шарл Леклер воопшто не стартуваше, на патеката на која пол-позицијата гарантира победа.

Следната F1 трка е во Азербејџан.