МУРИЊО ТРГНА ВО ОБЕДИНУВАЊЕ НА ТИТУЛИТЕ
Објавено на: 06.05.2022
Португалскиот стратег, со неговата Рома се пласира во финалето на Лигата на конференциите, со што има прилика да ги обедини сите актуелни континентални титули.

Жозе Мурињо триумфира во Лигата на шампионите со Порто во сезоната 2003/04 и со Интер во сезоната 2009/10, во Лига Европа со Манчестер Јунајтед во сезоната 2016/17.

Мурињо има пехар и во Купот на УЕФА со Порто, една година пред да ја освои првата титула во ЛШ. Од сите трофеи (титули+купови) му недостасува куп-пехарот во Суперкупот.

Во 2017-та со Манчестер Јунајтед беше поразен од Реал, во Скопје, со 2:1. Тогаш, во Јунајтед играше Роналдо, а на клупата на Кралскиот клуб седеше непобедливиот Зинедин Зидан.

Ќе успее ли Мурињо да го освои трофејот во новата лига на УЕФА, против Феенорд во Тирана на 25-ти мај?