МОЌНАТА БАРСА ПОЧНА ДА КУПУВА НА АЛИ ЕКСПРЕС
Објавено на: 02.05.2022
Според доброупатени извори, каталонскиот фудбалски клуб е подготвен да го менува актуелниот визионер од средниот ред, за нов, далеку поевтин и недокажан играч на таа позиција.

Наводно, холандскиот интернационалец Френки де Јонг е на продажба за 70 милиони евра, а во Барселона треба да пристигне Карлос Солер од Ванелсија, чиј трансфер ќе чини 20 милиони евра.

Некогаш, пред не толку одамна, каталонската гордост низ светските медиуми беше именувана за неисцрпна фабрика на фудбалери и тим кој има само врвни ѕвезди. Што се случи во меѓувреме?