САНСОНЕ: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА МИЛАН ЌЕ МЕ ЗЕМАТ БАРЕМ НА ПОЗАЈМИЦА
Објавено на: 28.04.2022
Фудбалерот на Болоња кој вчера го постигна победоносниот гол против Интер и кој го врати Милан како најголем фаворит за трката по титулата во Италија по натпреварот го пецна Милан и Малдини.
Никола Сансоне ја искористи грешката на голманот на Интер и го постигна голот за 2:1 со кој покрај бодот кој нероаѕурите можеа да го освојат, им ја скрати и шансата да одат по сите 3 до крајот на натпреварот со кој ќе се вратеа на врвот од табелата.
Се надевам дека некој од Милан или Малдини ќе ми се јави да ми се заблагодари. Можат и да размислат да ме повикаат да играм за Милан во Лигата на шампионите исто така
На смеа кажа играчот од нападот на Болоња.
Миланезите сега се господари на својата судбина, а доколку до крајот на сезоната ги добијат преостанатите 4 дуели, ќе бидат и новите шампиони на Италија.