Фудбал

ГРЕШКАТА НА РАДУ КОЈА МОЖЕ ДА ГО ЧИНИ ИНТЕР ТИТУЛА (ВИДЕО)

Хандановиќ не беше на голот на Интер прв пат оваа сезона и се чини дека повредата на Словенецот може да биде клучна во одлучувачкиот дел од сезоната.

На негово место застана Јонуш Раду, но романскиот голман направи колосална грешка и му подари водство и 3 бода на Болоња со кои нероаѕурите не успеаја да се искачат на врвот на табелата во Италија.

До крајот на сезоната преостануваат уште 4 кола, а Милан има 2 бода предност пред Интер.