ЗВЕЗДА ЌЕ ГО ИЗГОРИ МЗТ СКОПЈЕ?
Објавено на: 27.04.2022
Пред неколку дена, српскиот шампион и моментално најголемиот клуб на балканските простори, побара од раководството на АБА лигата да се разгледа прашањето за бројот на учесници во регионалната лига, за наредната сезона.

Според раководството на Црвена звезда, правилникот за максимум пет екипи од една земја важел за сезоната 2021/22, но не важи и за следната натпреварувачка година. МЗТ Скопје го организира финалниот турнир во АБА2 лигата и се пласира во финалето, што му беше тикет за АБА елитата.

Во финалниот меч победи српскиот Златибор, кој и покрај тоа, би требало да игра плеј-оф со најслабата српска екипа во АБА минатата сезона, а тоа е Борац. На ова, реагираше Звезда, еден од сопствениците на лигата.

Го заслужи ли ова македонската публика? Ќе дозволи ли нашата кошаркарска фела да ни се случи вакво нешто? Ќе извиси ли МЗТ и оваа сезона?
Фотографиите се сопственост на АБА Лигата (Фото: Драгана Стјепановиќ)