ШТО ИЗЈАВИ ЛУИС СУАРЕЗ КОГА ПОТПИША ЗА АТЛЕТИКО?
Објавено на: 22.05.2021
Луис Суарез е еден од најзаслужните игрчи на Диего Симеоне со кој по пауза од седум години повторно стигнаа на врвот во Шпанија.
Уругваецот беше буквално „набркан“ од Барселона како непотребен и стар за нивните апетити, а тој со солзи го напушти Камп Ноу. Кога пристигна во Мадрид, изјави.
Не сакам да играм во Катар или МЛС; сакам да играм врвен фудбал. Тоа го можам тука во Атлетико бидејќи чувствувам дека можеме да направиме многу и да освоиме многу трофеи.
Доколку кармата имаше име, сигурно би се викала Луис Суарез.