КОЈА Е РАЗЛИКАТА ВО ПРИСТАПОТ НА СТАРИТЕ И НОВИТЕ ГАЗДИ НА МИЛАН?
Објавено на: 19.04.2022
Финансиски експерти забележуваат дека на повидок се светли денови за фудбалскиот клуб кој не толку одамна, беше синоним за европска фудбалска машинерија и континентален гигант кој царуваше во Лигата на шампионите.

Елиот Менаџмент кој во моментов е сопственик на миланезите, е сконцентриран на профит, нешто слично како што се случува во Арсенал, додека Инвесткорп, кој е тесно поврзан со сопствениците на Манчестер Сити, сака резултати.

Преговорите се во полна пареа, двете страни ги потврдија, цената е 1.1 милијарда евра. Се очекува конечно примопредавање на клубот во мај. Ако дојдат новите сопственици, го очекува ли посветла судбина италијанскиот гигант?