Мотоспорт

КРАДЦИ МУ УКРАЛЕ ЧАСОВНИК НА ЛЕКЛЕР ОД 320 000 ДОЛАРИ

Лидерот во Ф1 првенството и возач на Ферари, успеал неповреден да излезе од грабежот кој врз него го направиле вчера вечерта крадци кои му украле часовник во вредност од 320 000 долари.

Според италијанските власти, Моначанецот заедно со уште неколку другари биле на прошетка во Виареџо, град во Северна Италија. Во 10 часот вечерта, тој бил препознат од фанови кои застанале да се сликаат со него. Откако застанал да се фотографира со една група, продолжиле да се насобираат фанови, од кои еден од нив незабележливо му го извадил часовникот од раката.

Тој пријавил подоцна во полиција, а станува збор за часовник Richard Mille во вредност од 320 000 долари. Тренерот на Леклер – Андреа Ферари кој потекнува од Виареџо на својот профил на социјалните медиуми го изрази незадоволството од своите сограѓани.

Според него, виновни освен крадците се и градските власти, поради недоволното осветлување на улиците во градот.

Викендов, Ф1 возачите ќе возат на легендарната Имола во Сан Марино.