СЕРИОЗЕН ПРЕСВРТ ВО ДЕФАНЗИВАТА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД?
Објавено на: 19.04.2022
Ерик тен Хаг е новиот тренер на Црвените ѓаволи, се шпекулира на големо низ реномираните светски медиуми, а истото го потврдуваат и фудбалските експерти. Се разговара за откупната клаузула од 2 милиона евра, по што холандскиот стручњак ќе допатува од Ајакс во Јунајтед.

Првата голема реконструкција која ќе ја направи новиот тренер, е на централната дефанзивна позиција. Антонио Рудигер заминува од Челси, а новиот предводник на екипата од Манчестер сака да го види во неговата нова екипа. Ќе се остварат ли овие најави, ќе поцрвени ли синиот дефанзивен столб?

Во тој случај, што ќе се случува со актуелниот капитен на Манчестер Јунајтед, Хари Мегвајер?