Ракомет

КОЛКУ ВРЕДИ РАКОМЕТНА МАКЕДОНИЈА?

Од сите наши национални тимови, со сета почит кон останатите, ракометарите се најголемиот македонски амбасадор на меѓународната сцена, што беше уште еднаш докажано вчера.

Нашата ракометна репрезентација ја совлада Чешка со 27:25 и се пласира на Светското првенство во Полска и Шведска. Кузмановски со девет гола, Талески со шест и Митревски со четиринаесет интервенции, беа нашите најдобри поединци. Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов го одиграа последниот натпревар во репрезентативниот дрес.

Во драматичен дуел, Македонија водеше во текот на скоро целиот натпревар и пред повеќе од 7.000 гледачи во СЦ Борис Трајковски, стигна до осмото учесто на еден ракометен мундијал, 6-то по ред од 2013-та година. Претходно учествувавме во 2009-та и 1999-та.

Ова ќе биде наше 12-то последователно учество во низа, на големите собири. Од 2012-та имаме и 6 последователни учества на европските првенства, а првото наше учество на големата сцена беше на ЕП во Италија, во 1998-та година.

Бренд број 1 во Македонија?