КЛОП ИМА(ШЕ) ПОТЕШКА ЗАДАЧА ОД ПЕП
Објавено на: 16.04.2022
Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сега стручен коментатор и голем критичар на англискиот фудбал, има интересно гледиште за ситуацијата во Премиерлигата:
Мислам дека на Јурген Клоп му е далеку потешко отколку на Пеп Гвардиола.
Да отидеш во Ливерпул, во позицијата во која беше тој клуб, да се натпреваруваш со Манчестер Сити кој нема никакви проблеми за трансфери и кој има небројани пари на располагање.
Tоа е едноставно вонземна работа што успеа да ја направи Клоп.
Во право ли е Гери Невил?
П.С.: Ливерпул има една англиска и една европска титула, а Сити има 3 титули во Премиерлигата, последните 4 сезони во кои Ливерпул освои една.

