ГРОБАРИ, ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈ ДЕН Е ДЕНЕСКА?
Објавено на: 16.04.2022
Денеска е денот кога единствената српска кошаркарска екипа што ја покорила Европа, го крена трофејот во Евролига во Истанбул 1992-та година, во финалето против Хувентуд со тројката на Сале Ѓорѓевиќ, за конечните 70:71.
Danas je 16. april…#KKPartizan 🖤🤍 pic.twitter.com/NDUbo67tkq
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) April 16, 2022
Тренер на таа екипа беше дебитантот Жељко Обрадовиќ, најдобар стрелец беше токму Александар Ѓорѓевиќ, а најдобар играч или МВП беше Саша Даниловиќ. Двајцата влегоа во најдобрата петорка, заедно со соиграчот Копривица, односно Виљакампа и Презли од Хувентуд.
Кошаркарската пепелашка останува една од најромантичните спортски приказни, која на одреден начин не допре и нас и нашите симпатии, поради заедничкиот живот што претходно го имавме со Србија во веќе распаднатата Југославија. Некои моменти, се поголеми од сите неправди…