Фудбал

ЕДНА СУРОВА ВИСТИНА ЗА ГЕРМАНСКИОТ И ЗА ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛ?

Ајнтрахт Франкфурт и РБ Лајпциг се последните две германски екипи, кои ќе ја претставуваат оваа земја и Бундеслигата во рамките на европските континентални натпреварувања, до крајот на актуелната сезона. Го нема, на пример, Баерн Минхен, кој испадна од Виљареал во ЛШ.

Со овој податок, се руши митот на големите европски фудбалски гиганти, кои мислат дека ќе победат само ако излезат на теренот, кои мислат дека старата слава игра, а не играчите. Прашајте ја Барселона, прашајте ги баварците, како си поминаа во реванш натпреварите.

Ниту една од двете екипи од насловот, не беше во Бундеслигата пред 10 години, но и двете имаат неверојатна стратегија и работат беспрекорно на сите нивоа на коишто треба да функционира една современа спортска организација. Во еврпскиот фудбал дуваат нови ветришта?