Ракомет

РЕМИ КАКО ПОБЕДА, ИЛИ ТРОЈАНСКИ КОЊ?

Македонската ракометна репрезентација има поволен резултат од гостувањето кај Чешка, во последниот квалификациски филтер за пласман на следното светско ракометно првенство. Одигравме реми 24:24, реваншот е во Скопје (17.04.2022).

Резултатот можеше да биде во наша полза, со оглед на позитивата од 7 гола (10:17) која ја имавме во текот на натпреварот, но исходот можеше да тргне и на другата страна. Ракомет се игра до последната секунда и тоа мора да го знаеме.

Навидум, скорот од Чешка ни оди во прилог, но има да се одигра уште еден натпревар, а нашиот противник има пресериозни ростер и резултати, за да мислиме дека се е завршено. Можат ли избраниците на Кирил Лазаров да се пласираат на СП?