Фудбал

НЕ ПЛАНИРАМЕ ДА ЈА СМЕНИМЕ РЕЛИГИЈАТА ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА

За шефот на обезбедувањето на претстојното светско фудбалско првенство, нештата се кристално јасни и чисти. Според него, Катар не планира да ја смени религијата за 28 дена колку што ќе трае глобалниот настан:

Ако сакате да ги изразите своите ставови и чувства за ЛГБТ прашањето, направете го тоа во општество во кое тој став ќе биде прифатен. Не доаѓајте тука, кај нас дома, да не навредувате и да го навредите нашето општество. Нема да ја смениме религијата за тие 28 дена колку што ќе трае СП.

Ако некој навивач кој ќе крене ЛГБТ знаменце биде отстранет од стадионот или ако знаменцето му е одземено, тоа ќе биде не за да го навредиме, туку за да го заштитите. Некој друг, може да го нападне. Ако доаѓате на натпревари, доаѓајте за фудбал, а не за демонстрации. – изјави Абдулах Ал Насри.

Човекот е во право, или не е?