ПОБЕДАТА НА ЛЕКЛЕР Е ЗНАК ЗА ВРАЌАЊЕТО НА ФЕРАРИ?
Објавено на: 10.04.2022
Победа како победа, не мора да значи ништо во рамките на една сезона, особено ако е на почетокот на шампионатот во спорт во кој сме биле сведоци на многу добри стартови, а потоа катастрофални сезони, особено на Ферари.

Но, овој втор хет-трик Грен слем триумф на Шарл Леклер, на две од првите три трки во сезоната, кажува нешто друго – возачот од Монако се враќа во Маранело со пол-позиција, најбрз круг и триумф на Австралиското Гран при.

Истиот резултат го имаше и во Бахреин, на инаугуралната трка од новата сезона 2022-ра. Може ли Ферари да се врати и да доминира како некогаш?