СВЕДОЦИ СМЕ НА ИСТОРИСКОТО ТАЈНО ОРУЖЈЕ НА КРАЛЕВИТЕ
Објавено на: 07.04.2022
Екипата на Реал Мадрид е на прагот да го елиминира и Челси, актуелниот европски шампион кој минатата сезона го избриша подот со мадриѓаните во полуфиналето, откако во претходната рунда му одржа лекција на „ѕвездениот“ тим на ПСЖ.
Вистинските ѕвезди играат во Кралскиот клуб, а најновата, која блеска како никогаш досега, е Карим Бензема. Францускиот интернационалец постигна два хет-трика по ред, првиот во реваншот за елиминација на ПСЖ, а вториот во првиот меч против Челси (1:3).

Бензема сезонава има 37 гола на 36 меча, на 34-годишна возраст, од кои 11 погодоци се во Лигата на шампионите. Тој е првиот француски фудбалер по Жист Фонтен (1959, 10 гола, за Ремс) кој има двоцифрен голгетерски учинок во Лигата на шампионите.
Златната топка веќе го има новиот сопственик?