Фудбал

АНЧЕЛОТИ НЕМА ДА ГО ВОДИ РЕАЛ ВО ЛОНДОН?

Шефот на кормилото на Реал Мадрид и понатаму е позитивен на КОВИД-19 и најверојатно нема да патува со својата екипа на првиот дуел од четвртфиналето против Челси.

Италијанскиот стратег претходната недела беше позитивен на КОВИД-19, а Реал Мадрид против Селта го водеше неговиот син кој му е прв помошник на клупата на кралевите.

Сепак според шпанските медиуми, Анчелоти би можел да отпатува утре за Лондон доколку во текот на денешниот ден или утре добие негативен тест.

Иако тој не беше на клупата, кралевите немаа проблем против Селта и е на добар пат за прв пат во својата кариера да ја освои шпанската Ла Лига.