Фудбал

ВЕЧНИОТ ЏИЏИ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ПАРМА

Голманот на некогашниот расадник на таленти и готови фудбалери низ италијанската фудбалска лига, се согласи на нова продолжена соработка. Буфон ќе стои меѓу стативите на омилената екипа, уште некое време.

Според последните информации од Италија, официјализиран е договор меѓу Парма и Буфон до јуни 2024-та година, кога италијанскиот чувар на мрежата ќе наполни 46 години. Ќе успее ли да го одработи договорот?