Фудбал

КАКО БИ ГО НАРЕКЛЕ ОВА ТРИО?

Како би го нарекле триото Меси-Нејмар-Мбапе? Тројката која треба да му донесе шампионска слава на тимот на ПСЖ, кој е неприкосновен во Франција, но никако не успева да се искачи на европскиот фудбалски трон.

Лионел Меси и Нејмар дојдоа од Барселона, додека Мбапе беше купен од Монако. ПСЖ нема(ше) своја академија за расад на играчи. Утре, овие тројца играат против Реал Мадрид во првиот 1/8 финален меч. Може ли да ја поминат фазата?