РЕАЛ И БАРСА ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА САДИО МАНЕ
Објавено на: 09.02.2022
Садио Мане освои многу со Ливерпул, но време е за нови предизвици. Вака шпанските медиуми го најавуваат трансферот на Сенегалецот кој наводно ќе се пресели во Шпанија. Но, тој сака, ако замине, да оди само во еден од двата шпански гиганта.

Мане има договор со Ливерпул до 2023-та година, се уште нема продолжување на истиот. Приоритет на Ливерпул е задржување на египетскиот напаѓач Мохамед Салах кој бара многу повеќе пари од сегашната плата, чиј договор истекува на истиот датум.