Мотоспорт

ЅИРНАВМЕ ВО ГАРАЖАТА НА МЕРЦЕДЕС, ИМА ШТО ДА СЕ ВИДИ…

Се уште е во работна верзија, но процурија фотографии од новиот болид на екипата што во последните 8 сезони, царува во Формула 1 шампионатот (2014 – 2021).

Германскиот тим е неприкосновен, ги освојува тиулите во конкуренција на конструктори без мака и оствари рекорд подобрувајќи го оној на Ферари (6 – 1999 до 2004).

Минатата година им избега возачката титула во последниот круг на последната трка, но Германците најавија нова битка за сезоната што претстои.

Болидот се подготвува, а очекуваме на патеките да се појави нов ѕвер.

Кој ќе биде новиот Ф1 шампион?