Тенис

АЈДЕ СИТЕ ДА СЕ ЛЕЧИМЕ СО ДОПИНГ, КАКО НАДАЛ

Шпанскиот тениски ас земал бетаметазон, што е недозволена допинг супстанца, како последна инстанца во процесот на лечењето на повреденото рамо, стои во документите објавени од страна на една шпанска медицинска установа. На документот, кратко и јасно, со печат и потпис, пишува – ОДОБРЕНО!

Сето ова би било во ред, ако шпанските спортисти, не станеа одеднаш најдобри во секој можен спорт на планетава земја, неможејќи да ги победат единствено НБА ѕвездите, кои, пак, не се подложни на допинг тестови од ниту една друга организација, освен американската (USADA).

Рафаел Надал добил дозвола да се допингува, за да се излечи. Тоа е во ред. Но, дали Рафаел Надал не ја искористил оваа дозвола за да стекне неспортска предност пред конкурентите? Како толку брзо се врати од повреда и правеше лом? Како може да трча подолго и да удира посилно од секое друго живо битие на планетава?

Не би требало да се сомневаме во медицинските одлуки, но тоа би се случило само кога би знаеле дека овој живот е фер, дека на овој свет се е како што треба, како во земјата Утопија. Вака, вечно ќе се прашуваме од каде му беа тие билдерски мускули, на „Бикот од Мајорка“?

Многу прашања, малку одговори…