ЃОКОВИЌ, БРЕЈДИ, ФЕРСТАПЕН ИЛИ ЛЕВАНДОВСКИ?
Објавено на: 03.02.2022
Лауреус ќе избира најдобар спортист за 2021-та година, во конкуренција кај мажите се четири големи имиња.
Тоа се тенисерот Новак Ѓоковиќ, НФЛ квотербекот Том Брејди, Ф1 возачот Макс Ферстапен и фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски.

Србинот имаше неславна епизода на Аустралиан опен и тоа може да влијае на изборот, иако се случи во новата година.

Брејди заминува во пензија и тоа може да му биде предност при евенгтуалниот избор за најдобар за 2021-та.

Ферстапен има силен адут во последниот круг од сеозната кога победи за титуата, а Левандовски е гол машина која едноставно не сопира.
Кого би избрале вие?