Кошарка

КОЛКУ МИЛИОНИ ЌЕ ЗАГУБИ БЕН СИМОНС И КАКО ПОСТЕПЕНО ЌЕ МУ ГИ ЗЕМЕ ФИЛАДЕЛФИЈА?

Ситуацијата меѓу Бен Симонс и франшизата Сиксерс не се смирува. Играчот ги игнорира сите пораки на тренерот Док Риверс и не одговара на нив. Едноставно не сака да игра и со тоа губи милиони долари.

Какво е темпото со кое кошаркарот, кои има уште три години и 114 милиони долари од договорот со тимот базиран во градот Филаделфија, ги губи парите што треба да ги заработи со играње:

Досега загубил 19 милиони долари.

Секој неодигран меч го чини 360.000 долари.

Последен примен чек е 8.25 милиони на 01.10.2021.

На секои наредни две седмици прима известувања за загубени 1.375 милиони.

До крајот на сезоната, ќе загуби уште 12 милиони, ако продолжи вака.

На крајот на сезоната, може да загуби вкупно 30 милиони.

Во кариерата досега, Бен Симонс има заработено околу 60 милиони долари, а одбивањето да игра за Сиксерс ќе го чини потенцијално половина од таа сума, која може(л) дополнително да ја инкасира, само во оваа натпреварувачка сезона.

Која ли е причината што толку многу сака да си замине и што одбива да игра?