Фудбал

КОГО БИ ИЗБРАЛЕ ОД МАЛДИНИ-ПУЈОЛ-РАМОС?

Паоло Малдини е директор во Милан, целата своја кариера ја помина во тој клуб. Карлес Пујол исто така ја помина целата кариера во еден клуб – Барселона. Серхио Рамос од Севиља премина во Реал Мадрид каде ја доживеа славата, а сега настапува за ПСЖ.

Сите тројца се страшни дефанзивци, но може(а) да играат каде и да ги поставите на теренот. На тројцата не им се непознати противничките мрежи – Рамос и Малдини имаат погодоци и во финалиња во Лигата на шампионите. Кого би одбрале, кога би можеле?