Фудбал

ЗОШТО ВАР НЕ ГО ПОНИШТИ ГОЛОТ НА БАРЕЛА ПО ЛАКТОТ НА ЏЕКО?

Фудбалерите на Венеција на „прва“ беа оштетени од судиската одлука да не се досуди фаул од Џеко над Модоло, по кој следеше негова вклученост во голот на Барела.

Венеција поведе на Сан Сиро, но Барела во 40 минута израмни. Претходно, Џеко успеа да стигне прв до топката во воздушниот дуел со одбранбениот играч на Венеција, но му зададе лакт во лицето. Веднаш потоа Барела израмни, а следеше преглед на ВАР.

Сепак, технологијата не можеше да го поништи голот бидејќи иако имаше евидентен фаул, правилата велат дека друг играч на Венеција по „фаулот“ играше со топката и така овој инцидент не влијаел на голот.

Дури ни потеченото око на Модело не можеше да го поништи голот на нероаѕурите кои на крајот во 90 минута и стигнаа до победата.