Мотоспорт

ЌЕ ПОГОДИТЕ ЛИ ОД КОЈА ГОДИНА Е ФОТКАТА И КАДЕ ВОЗЕШЕ ТОГАШ ХАМИЛТОН?

Додека британскиот возач реши да и се обрати на јавноста и дефинитивно да и соопшти дали ќе вози следната сезона во редовите на Мерцедес или ќе се повлече од Формула 1 откако ја загуби титулата минатата сезона, да се потсетиме на дел од неговата кариера. Ова е фотографија од едно интервју на Луис Хамилтон и Тед Кравиц, пит-лејн репортерот на Скај Спортс направено во 2006-та година, на 5-ти мај. Трката за ГН на Европа, четврта во тековната сезона се одржа на Нирбургринг на 7-ми мај, а победи Кими Раиконен од Ферари.

Тоа беше годината кога Луис Хамилтон настапуваше во ГП2, односно истиот период кога во Мекларен се ослободи место по заминувањата на Хуан Пабло Монтоја во Наскар и Кими Раиконен во Ферари. По неколкумесечни шпекулации кој би му се придружил на бранителот на титулата Фернандо Алонсо, дали Хамилтон, Педро Де Ла Роса или Гери Пафет, Британецот беше информиран за одлуката на 30-ти септември, но веста не беше јавно објавена сè до 24-ти ноември, стравувајќи да не биде засенета поради објавата за повлекувањето во пензија на Михаел Шумахер.

Хамилтон влезе во Ф1 2007-та година, 2008-та ја освои првата титула… Останатото е историја…