Фудбал

ЛОРИС НЕ МРДА ОД ТОТЕНХЕМ

Францускиот голман потпиша нов договор со англиската екипа, кој ќе трае до јуни 2024-та година. Ова го потврдува клубот Тотенхем:

Антонио Конте го постави задржувањето на Хуго Лорис како еден од приоритетите, односно како централна оска околу која ќе се постави структурата на идниот тим, кој би требало да ги напаѓа англиските и европските височини.