Ракомет

ВИ ЛИЧИ ЛИ ОВАА ЦРНА ГОРА, НА ОНАА МАКЕДОНИЈА ОД ЛИТВАНИЈА?

Споредбата не е меѓу две селекции од еден ист спорт, но приказната тече по исто сценарио. Кошаркарска Македонија збриша се во групата, откако во првото коло трагично загуби од Црна Гора. Следуваше сензација и во втората фаза по групи, пораз од Русија, но победа против Литванија во 1/4 финалето и стоп од Шпанија во 1/2 финалето.

Ракометна Црна Гора забележа пораз во првата рунда на ова ЕП од селекцијата на Данска, но потоа ги исплеска нашата селекција, словенечката и хрватската. До крајот и остануваат дуели со Холандија, Франција и Исланд. Имаат ли сили Црногорците да продолжат по истиот пат, или толку им беа можностите? И порано сме гледале бајки…