АУТ ОФ КОНТЕ(К)СТ – КАДЕ И ДАЛИ ПОТФРЛИ ОВАА РАКОМЕТНА МАКЕДОНИЈА?
Објавено на: 15.01.2022
Нашата ракометна селекција ги загуби сите шанси за пласман во следната фаза на 15-тиот континентален собир. Ова е мешана репрезентација главно од „сениори кои се скоро пензионери“ и „млади ракометари кои немаат никакво меѓународно искуство“.
Играчи кои треба да повлечат имаме малку, а и тие не играа на вистинското ниво. Еве неколку поенти од овие два пораза, каде (можеби) потфрливме на ова европско првенство на кое дојдовме со победа против Данска во квалификациите и желба за втора фаза:
- Прерано ги отпишавме искусните?
- Немаме соодветна резервна варијанта?
- Дали вечно ќе играат Лазаров и неговата генерација?
- Младите генерации бавно ни стасуваат?
- До која возраст во Македонија се одгледуваат таленти?
- Долги години ги чекаме бековите?
- Како да научиме да играме со играч повеќе?
- Кога ќе сфатиме дека одбраната носи резултат?
- Правиме почетнички грешки и подаруваме топки во раце?
- Дали нашите играчи се усовршуваат на индивидуален план?
- Колку се работи на физичката подготовка?
- Колку се работи на психолошки план?
- Дали се тренираат срце и душа, или се истураат на терен?
Македонија имаше повеќе грешки отколку голови на мечот со Црна Гора и заслужено загуби (24:28). Ова треба да ни биде огромна лекција која мора брзо да се совлада. Која од поентите ни недостасуваше, или не отсликува на ова ЕП? Или можеби сите?