БАРСА НА ГВАРДИОЛА ИЛИ РЕАЛ НА ЗИДАН?
Објавено на: 12.01.2022
Кралскиот клуб и каталонската гордост ќе ги вкрстат копјата од 20:00 часот во првото Ел Класико за титула, кое директно решава кој ќе го крене првиот пехар во сезоната – трофејот во шпанскиот Суперкуп. Од финансиски причини турнирот се игра во Ријад, Саудиска Арабија.
Реал е најтрофејната шпанска и европска екипа без конкуренција, додека Блауграна „трча“ по славата на мадриѓаните. Можеби Барса има спектакуларни победи против Реал, но на долг план и стратешки, клубот од главниот град е неприкосновен и во меѓусебните дуели.

Што ќе се случи во 1/2 финалето ќе видиме вечер, но кога хипотетички би се соочиле најдобрите состави од поновата историја – Барселона на Пеп Гвардиола (Ла Лига 2009/10/11, ЛШ 2009 и 2011) и Реал Мадрид на Зинедин Зидан (Ла Лига 2017 и 2020, ЛШ 2016/17/18) – кој би победил?